Транспортно-шпедитерската компанија „Боми 10 логистик“ постави камен-темелник за изградба на нов логистички центар во индустриската зона „Илинден“.

1Центарот ќе се простира на вкупна површина од 42.000 квадратни метри, а складиштето, односно затворениот простор, ќе зафаќа 10.000 квадратни метри. Во рамките на центарот ќе има и отворен склад, како и управна зграда од 1.200 квадратни метри, а останатиот дел ќе се користи како паркинг-простор.

Новиот логистички центар е еден вид консолидирање на сите логистички услуги што ги нудиме веќе речиси три децении. На поголем простор, продолжуваме понатаму со посовремени и посоофистицирани услуги. Планот е да овозможиме нови логистички услуги и сервиси, изјави Златко Милевски, директор на „Боми 10“, за „Телевизија Нова“.

Тој додава дека новата инвестиција, која ќе обезбеди и нови работни места, се планира да биде финализирана за една година: Оваа инвестиција ќе придонесе за намалување на бројот на невработени, како и за одржлив локален и економски развој. Притоа, општина Илинден ни овозможи бројни придобивки, пред сè, ниски цени на комуналиите, кои беа намалени за 95 отсто.

Во рамките на „Боми 10 логистик“ функционира шпедитерско одделение со повеќе лиценцирани шпедитери, како и царински магацини во Скопје и во Куманово. Компанијата располага со 40 транспортни возила и со 10 доставни возила, претежно на релација од Балканот до Западна Европа, и обратно.

No Comment

You can post first response comment.

Leave A Comment

Please enter your name. Please enter an valid email address. Please enter a message.