Германска компанија „Г.Р.А.Д. екологија“ почна со изградба на фабрика во општина Илинден.

2Во економската зона „Стопански двор Илинден“ на 28 јули беше поставен камен-темелник на транспортно-логистички центар со шпедиција и администрација на домашна компанија, која ќе овозможи отворање на 50 работни места.

Во општина Илинден се поставени камен-темелници на четири нови инвестиции во вредност од 17 милиони евра, кои ќе отворат вкупно 230 нови работни места. Во истата зона, во фаза на изградба е и објект за пакување плочки, со административно деловен и изложбен простор, каде што ќе се вработат 20 луѓе. Уште една домашна компанија со изградба на административно деловен и магацински простор ќе обезбеди дополнителни 20 вработувања.

Во локалните економски зони во општина Илинден има 181 инвестиција, од кои 32 се директни странски инвестиции. Овие компании отвораат голем број работни места, што се потврдува и со последните информации од општината, каде што стапката на невработеност е пониска од 10 отсто.

No Comment

You can post first response comment.

Leave A Comment

Please enter your name. Please enter an valid email address. Please enter a message.