Кулминација на годишното собрание на акционерите на шпедитерската мрежа „Систем алијанс Јуроп“ беше доделувањето на наградите, кое се одржа на средината од мај во Копенхаген.

8„Гебрудер Вајс“ од Австрија повторно ја освои наградата „Партнер на годината“.

Годинава, нашите партнери можеа да конкурираат за наградата „Иноватор на годината“ со иновациите од 2015 година. Од бројните пријави, управниот одбор избра четири победници, кои ги претставија своите иновации во текот на манифестацијата, а тоа се: „Гебрудер Вајс“ (Австрија), „Хелман ворлдвајд логистик“ (Германија), „Нортреил Норск трајлер експрес АС“ (Норвешка) и „Трансфарго АБ“ (Шведска), се наведува во соопштението на „Систем алијанс Јуроп“.

Во категоријата квалитет, компанијата „Хонолд логистик груп“ (Германија) и „Штрек транспорт АГ“ (Швајцарија) повторно ги добија победничките плакети, како и минатата година. Француската компанија „Епнер“ е победникот во категоријата напредок на годината.

No Comment

You can post first response comment.

Leave A Comment

Please enter your name. Please enter an valid email address. Please enter a message.