Европската Унија поведе нов судиски спор против Кина пред Светската трговска организација (СТО) поради царината и квотите што ги применува на извозот на 11 клучни метали и суровини.

9Во официјалното соопштение на ЕУ од 19 јули стои дека официјален Пекинг ги крши прописите на СТО со воведување на ограничување на извоз на клучните суровини, меѓу кои графит, кобалт, хром, магнезиум, антимон и индиум. На тој начин, според ЕУ, Кина врши дисторзија на пазарот, односно ја фаворизира домашната индустрија на штета на европските компании и потрошувачи.

Кинеското министерство за трговија ги отфрли обвинувањата од Брисел, тврдејќи дека мерките се во согласност со правилата на СТО и дека имаат цел да ја заштитат животната средина.

Од Брисел порачаа дека Пекинг би можел поефикасно да ја поддржи заштитата на животната средина со други мерки, кои нема да ја погодат трговијата.

Со оваа тужба, ЕУ им се придружи на САД, кои го тужеа Пекинг за неоправдано фаворизирање на кинеската индустрија.

No Comment

You can post first response comment.

Leave A Comment

Please enter your name. Please enter an valid email address. Please enter a message.