Директорката на Царинската управа на Република Македонија, Наташа Радеска-Крстевска, присуствуваше на 127/128. седница на Светската царинска организација (СЦО), која се одржа од 14 до 16 јули во Брисел. Акцентот на седницата беше безбедноста.

5Со усвојувањето на резолуцијата „Пунта Кана“ за безбедност и Програмата за имплементација, СЦО ја потенцираше клучната улога на царината во борбата против недозволената трговија и тероризмот. Организацијата ја поддржува интензивната соработка меѓу царинската служба и меѓународните организации на полето на безбедноста, а се залага и за олеснување и забрзување на трговијата со легитимни стоки.

Една од клучните теми, предвидени со стратешкиот план од 2016 до 2019 година, е технолошкиот развој на СЦО – Дигитална царина. Во таа насока, сите царински служби имаат цел да воспостават висок степен на дигитализација, што ќе придонесе царината да ги контролира алатките, со кои, поуспешно ќе се справи со современите предизвици.

Делегатите-претставници на царинските администрации, членки на СЦО, ја потенцираа важноста од интензивната соработка меѓу царинската служба и другите погранични агенции, особено со полицијата.

Присуството на седницата на СЦО беше можност за 180-те членки преку неформални билатерални средби, директно да разменат мислења и иницијативи за понатамошни активности од заеднички интерес.

Светската царинска организација е формирана во 1952 година, како Совет за царинска соработка кој придонесува за поголема ефикасност и ефективност на царинските администрации.

No Comment

You can post first response comment.

Leave A Comment

Please enter your name. Please enter an valid email address. Please enter a message.