Билатералната трговија на Кина со Русија се зголеми за 1,8 отсто во последниве шест месеци и достигна 31,7 милијарди долари, соопшти Главната царинска управа на Кина на 13 јули.

4Според статистиката на царината, извозот од Кина во Русија се зголеми за 10 отсто на 16,1 милијарди долари, додека увозот се намали за 5,4 отсто на 15,6 милијарди долари.

Годишната трговска размена минатата година беше намалена за 28,6 отсто на 68,06 милијарди долари. Во март годинава, трговскиот претставник на Русија во Кина за „Спутник“ изјави дека очекува билатералната трговија меѓу двете соседни земји да заздрави по падот во 2015 година и да почне да се зголемува во 2016 година.

Како главни причини за падот на вкупната трговска размена на Кина во 2015 година се наведуваат падот на вредноста на јуанот и забавувањето на економскиот пораст на земјата, кој беше со најбавно темпо во последните 25 години. Падот беше мотив за владата на Кина да најави економски реформи.

No Comment

You can post first response comment.

Leave A Comment

Please enter your name. Please enter an valid email address. Please enter a message.