Македонски готови производи со суровина од ЕУ ќе се увезуваат и ќе се извезуваат од Косово без царина.

3Со проширувањето на дијагоналната кумулација во паневромедитеранската кумулативна зона и вклучувањето на Косово во неа, македонските компании имаат поголема можност за увоз на репроматеријали од поширок пазар, конкурентно производство во регионот, како и проширување на можностите за извоз на готови производи. Тие ќе подлежат на примена на повластени услови при увозот во земјите, кои се вклучени во оваа кумулативна зона.

Како што информираат од Царинската управа, македонските компании, ќе може да користат и репроматеријали од Европска Унија за производство на готови производи, кои ќе се извезуваат во Косово без плаќање царински давачки и обратно – во земјава ќе се овозможи бесцарински увоз на готови производи од Косово, кои се произведени со репроматеријали од ЕУ.

Со тоа, дополнително се унапредува конкурентската способност на македонските производи во ЕУ, особено во Косово.

Примената на дијагоналната кумулација меѓу ЕУ, Косово и Македонија датира од 1 април годинава, откако почна примената на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, во чиишто рамки се применува и Регионалната конвенција за Паневромедитерански преференцијални правила за потекло.

Во соопштението од Царинската управа се наведува дека во Службен весник на ЕУ, серија Ц, број 244 од 5 јули 2016 година, е објавено ново Известување за датумот на примена на Регионалната конвенција за Паневромедитерански преференцијални правила за потекло или на Протоколите за потекло, кои овозможуваат дијагонална кумулација меѓу договорните страни на Конвенцијата. Со ова известување се вршат одредени промени во примената на правилата за преференцијалното потекло во трговијата со земјите-членки на ЕУ и на ЦЕФТА.

One Response Comment

  • Johny Jackson  January 9, 2018 at 5:13 am

    Greetings! I know this is kinda off topic however , I’d
    figured I’d ask. Would you be interested in trading links
    or maybe guest writing a blog article or vice-versa? My website discusses a lot of
    the same topics as yours and I believe we could greatly benefit from each other.
    If you’re interested feel free to shoot me an e-mail.

    I look forward to hearing from you! Wonderful blog by
    the way!

    Reply

Leave A Comment

Please enter your name. Please enter an valid email address. Please enter a message.