Македонија

Македонија најновата земја-кандидат за членство во ЕУ– на 09/11 Европската Комисија за проширување позитивно ја оцени Mакедонската апликација за членство во ЕУ, со препорака до ЕУ komisijata za проширување официјално да го одобрат статусот на земја-кандидат за време на самитот на ЕУ во декември 2005.

Докажана е географската и културната местоположба на Македонија како мост меѓу истокот и западот, како кстосница меѓу христијанската Европа и мистичниот Ориент. Македонија е копнена земја, сместена помеѓу Србија и Црна Гора, Грција, Бугарија и Албанија, во самото срце на Балканот.

Факти и бројки

Македонија е мала земја богата со природни ресурси (земјоделски ресурси, наоѓалишта на руда). Таа е и важна крстосница за регионалниот транспорт и енергетските системи. Македонија е мулти-етничко општество со различни култури и религии; Македонците ја сочинуваат најголемата етничка група, додека Албанците, Турците и Србите припаѓаат на најважните малцински групи. Македонија има 2.045.262 жители, од кои што 66,5% се Македонци, 25,1% Албанци, 3,5% Роми, 1,9% Срби и 1,8% други националности. Земјата е поделена во 85 општини како административни единици. На чело на Македонија стои Претседател кој се избира на секои пет години. На чело на владата стои Премиер.

Македонија ја стекна својата независност од СФРЈ во 1991. Земјата успеа да ги избегне крвопролевањата и војните што ги зафатија другите поранешни републики на СФРЈ. Меѓутоа, процесот на транзиција кон демократијата и пазарната економија беше загрозен со сериозните удари во деведесетите години од минатиот век; санкциите и трговското ембарго од страна на ОН (кон СР Југославија) и Грција до 1995, големиот прилив на бегалци од Косово во 1999, и седуммесечниот вооружен конфликт во 2001. За време на оваа турбулентна деценија, Македонија сепак постигна делумно економско заздравување и воведе парламентарна демократија со мулти-етнички политички претставници.

Во овој проблематичен контекст, Македонија даде значаен придонес за стабилноста на регионот. Нејзината цврста заложба за регионална соработка во рамките на Пактот за Стабилност за југоисточна Европа и либерализацијата на трговијата (склучување на регионални договори за слободна трговија, прием во СТО во април 2003), како и потпишувањето на Договорот на ЕУ за стабилизација и асоцијација во 2001, дадоа позитивни сигнали за целиот регион.

Македонија се уште не е “нападната” од странски инвеститори, како што е случај со другите европски земји. Врз основа на хармонизацијата на локалната легислатива со онаа на ЕУ и јасната владина определба да започнат официјални преговори за членство во ЕУ, се очекува странските инвестиции наскоро значително да се зголемат.